Претседателот Иванов со апел за мирни избори

Macedonia - George Ivanov president of Macedonia, Skopje, undated

Претседателот Ѓорге Иванов денеска им порача на граѓаните на Република Македонија, в недела на парламентарните избори да гласаат на достоинствен начин, со што уште еднаш ќе се потврди нашата демократска зрелост и приврзаност кон евроатлантските вредности.
- Оние кои во Ваше име, ќе треба да носат одлуки за тоа што Македонија ќе треба да го оствари, односно за што поскоро остварување на нашите стратешки цели. Во недела сета моќ е во вашите раце. Тоа е Ваш ден. Вие одлучувате, истакнува македонскиот претседател.
Секој оној што ќе се осмели да ги наруши изборните правила, секој оној што на кој било начин ќе ги загрози интересите и перспективите на граѓаните и државата, ќе се соочи со најсилна можна институционална и општествена реакција, истакнува претседателот Ѓорге Иванов.