Најмалку 150 жртви во бродоломот на либијски бегалци кај Тунис

Според Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, досега биле пронајдени околу 150 тела од бродот кој се насукал кај брегот на Тунис, а бил полн со бегалци од Либија. Според УНХЦР, овој бродолом е еден од најсмртоносните во Медитеранот. Во бродот имало околу 850 луѓе, а најмалку 578 ја преживеале несреќата.