Клинтон:светот да покаже единство во осудата на сириската репресија

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад веќе нема легитимитет. Клинтон во порака очигледно насочена кон Русија, Кина и другите Арапски земји , изјави дека светот мора да покаже повеќе единство во осудата на сириската репресија. Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини опозицијата во Сирија за дестабилизација во земјата и го повика Западот да не провоцира. Во меѓувреме активистите јавуаат дека сириските безбедносни сили убиле најмалку 15 луѓе за време на антивладините протести во градот Растан. Со последните жртви, бројката на загинати се искачи на 60 луѓе за само 3 дена.