Најмалку 15 луѓе убиени во насилствата во Сирија

Анти-владини протести во Сирија

Сириските безбедносни сили убиле најмалку 15 луѓе за време на антивладините протести во градот Растан, јавуваат активисти за човекови права. Со последните жртви, бројката на загинати се искачи на 60 луѓе за само 3 дена. Претходно денеска, Австралија соопшти дека лобира сирискиот претседател Башар Асад да одговара пред Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото поради употребата на сила за растурање на анти-владините протести во земјата. Од почетокот на демонстрациите во март досега загинале повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои и 25 деца.