Бугарија ќе ја испитува безбедноста на нуклеарката Козлодуј

Бугарски експерти за атомска енергија започнале испитувања во единствената нуклеарна централа Козлодуј за да се испита безбедноста на објектот. Иако тоа Европската комисија не го побарала од Бугарија , властите се одлучиле да направат анализи, а во следните години можеби и да се промени критериумот за безбедност. Козлодуј има шест реактори, но Бугарија затвори 4 пред да влезе во ЕУ, за останатите два ЕК смета дека не преставуваат безбедносен проблем.