Тачи:Белград да престане со изјави за поделба на Косово

Хашим Тачи

Претседателот на косовската Влада, Хашим Тачи смета дека официјалните претставници на Белград треба да престанат со изјавите за поделбата на Косово, бидејќи во спротивно барањата на Приштина можат да бидат поголеми од тоа за независноста на Косово. Тачи им вели на граѓани дека нема да има поделби, промени на границите или какви било други загрозувања на интегритетот.