Авганистан- убиени 4 -ца војници и 9 бунтовници

Двајца војници на НАТО загинале а неколкумина се повредени во напади во истoчeн Авганистан, соопштуваат од Алијансата. Вoјниците загинaле во два одвоени напади се наведува во извештајот на НАТО. Во северната провинција Кундуз загинале двајца авганистански полициајци, кога експлодирала бомба на патот на кој тие поминувале. Во провинцијата Хелманд пак биле убиени 9 милитанти.