Договорите за „Набуко“ ќе бидат потпишани на 8 јуни во Турција

На 8 јуни во турскиот град Кајсери ќе бидат потпишани договорите за проектот „Набуко“ за испорака на природен гас од Каспискиот базен до Европа преку Турција, Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија. Од конзорциумот „Набуко“ соопштуваат дека договорите ќе ги потпишат заедно министрите за енергетика на земјите низ кои ќе минува гасоводот. Договорите се важни за заштита на проектот од можни законски промени во земјите кои учествуваат во него.