На Мубарак и неговите соработници ќе им се суди на 3 август

Синовите на Мубарак, Ала и Гамал Мубарак

Судењето на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и на неговите синови за убиства на демонстранстите за време на протестите и за корупција, е закажано за на 3 август, јавува Френс Прес, повикувајќи се на извори во правосудството. Мубарак од април се наоѓа во болнички притвор во Шарм ел Шејк, откако доживеа срцев удар. Неговите синови се притворени во Каиро.