Белорусија ќе бара заем од ММФ за излез од кризата

Празен шопинг центар во Минск

Белорусија ќе побара заем од Меѓународниот монетарен фонд за стабилизирање на финансиската криза во земјата. Премиерот Михаил Мјасникович изјави дека Белорусија се надева на зеам помеѓу 3,5 и 8 милијарди долари. Се уште нема коментари за ова од ММФ. Белорусија се соочува со финансиската криза за која аналитичарите велат дека е предизвикана од тоа што Русија ја зголеми цената на енергијата , како и големите државни трошоци од претседателските избори кои се одржаа минатата година. Владата на претседателот Александар Лукашенко беше принудена да ја девалвира валутата