Објавен првиот извештај од набљудување на изборите

Дел од медиумите за изборите известувале еднострано

Политичката кампања започна во поларизиран амбиен. Кај дел од гласачите постои сомнеж дека изборите ќе бидат фер поради недовербата меѓу политичките субјекти. Голем дел од медиумите ги прекршиле професионалните стандарди за известување. Ова се дел од забелешките нотирани во Извештајот од мониторингот на изборите „Мојот избор 2011“. Проектот го реализираа МЦМС, МИМ и Институтот за декократија. Владимир Мисев од Институот за демократија вели дека е потребна нова законска легислатива за да се прецизира што е кампања. Во извештајот е оценета и работата на ДИК, кои работат на јавен и транспарентен начин, но се изложени на политички притисоци. Билјана Петковска од МИМ вели дека се евидентирани и суптилни но и експлицитни форми на фаворизирање или критикување на одредена политичка опција, со што се нарушува принципот на непристрасност и избалансираност. Еднострано се известува. Кај медиумите на албански јазик се забележува генерално умерено и избалансирано известување.