Опозицијата во Сирија ја отфрла амнестијата

Опозицијата во Сирија ја отфрли објавата на претседателот Башар Ел Асад за општа амнестија која би ги вклучила и политичките затвореници. Опозицијата оценува дека тоа е уште еден обид на режимот да добие во време. Активисти за човекови права тврдат дека во интервенцијата на владините сили врз демонстрантите, во последниве два месеца, загинале илјада и сто луѓе. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон оцени дека позицијата на сиријската влада со секој ден е се понеодржилива.