Младиќ во Хаг, ноќта ја минал во изолирана ќелија

Ратко Младиќ

Поранешниот командант на војската на босанските Срби Ратко Младиќ ноќта ја минал во изолирана ќелија, соопштија претставници на Хашкиот Трибунал. Според нив, изолацијата е стандарден третман за сите новодојдени осомничени. Се очекува Младиќ да биде лекарски прегледан, а потоа да се изјасни по точките на обвинението во рок од 48 часа по доаѓањето во судскиот притвор. Младиќ синоќа беше префрлен во притворот Шевенинген во Трибуналот. Тој беше уапсен минатата недела на српска територија по 16 години бегство. Обвинет е и ќе одговара пред Хашкиот Трибунал за геноцид и злодела против човештвото за време на војната во БиХ.