Брамерц ја откажа посетата на Њујорк

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц ја откажа планираната посета на Њујорк поради екстрадицијата на Ратко Младиќ, изјави советникот на Брамерц, Фредерик Свинен. Брамерц требаше да има средби и консултации во Њујорк пред седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тој изјави дека во усниот извештај до Советот на 6 јуни, ќе го изрази своето задоволство поради апсењето на Младиќ, но додаде оти ќе констатира и дека имало многу пропусти.