Мобилните може да влијаат на добивање канцер

Мобилните телефони може да влијаат на добивање рак, укажуваат повеќе десетици студии на експерти од Меѓународната агенција за истражување на канцерот, која е дел од Светската здравствена организација. Во заедничкото соопштение од неделниот панел во Лион, на кој учествуваа експерти на таа организација, се наведува дека постои врска меѓу добивањето канцер и електромагнетното зрачење на мобилните телефони, микро- печките и на радарите. Соопштението од собирот ќе биде упатено до Светската здравствена организација и до здравствените агенции на ниво на држави, кои врз основа на тоа ќе издадат препораки за користење на мобилните телефони.