Ратко Младиќ вечерва од Белград префрлен во Хаг

Младиќ префрлен во Хаг со српски владин авион

Осомничениот за воени злосторства Ратко Младиќ вечерва пристигна во Хаг .Претходно, попладнето, министерката за правда Снежана Маловиќ на прес конференција во Белград изјави дека, според Уставот и законот на Србија и како министер за правда го потпишала решението за екстрадиција на Младиќ.
Српските медиуми пишуваат дека на два пати полициски возила излегуваа од Специајлниот суд во Белград и се упатуваа кон аеродромот Никола Тесла. Судот изутрината му ја одби жалбата на Младиќ.
Тој беше уапсен минатата недела на српска територија по 16 години бегство. Обвинет е и ќеодговара пред Хашкиот Трибунал за геноцид и злодела против човештвото за време на војната во БиХ.