Блатер ја отвори Конференцијата во Швајцарија, и покрај скандалите

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер

Претседателот на светската фудбалска федерација Сеп Блатер денеска ја отвори конференцијата во Швајцарија, и покрај корупцискиот скандал кој ја тресе ФИФА. Тој најави дека утре ќе зборува за проблемите со кои се соочува федерацијата. Англија и Шкодска веќе побараа да се одложи изборот за претседател на ФИФА кој е закажан за утре, затоа што единствен кандидат остана Блатер. Неговиот противкандидат Мохамед бин Амам се откажа од кандидадурата и е суспендиран од Комитетот за етика на ФИФА. За да нема избори треба да се согласат три-четвртини од 208-те фудбалски федерации кои присуствуваат на конгресот во Цирих.