Гадафи не е подготвен да си замине од Либија

Претседателот на Јужноафриканската Република Џекоб Зума и либискиот лидер Моамер Гадафи

Претседателот на Јужноафриканската Република Џекоб Зума по обидите за медијаторство во Либија изјава дека либискиот лидер Моамер Гадафи нема да ја напушти Либија и покрај меѓународниот притисок и воздушните напади. Зума пристигна во Триполи во понеделникот како преставник на Африканската Унија. Зума ги посетил и разрушените места од нападите. Тој по разговорите со Гадафи, изјави дека тој не е подготвен да ја напушти Либија. Хуманитарниот координатор на ОН за Либија соопшти дека во некои делови на Либија контролирани од Гадафи, резервите на храна и лекови се намалени, а одредени прехраменбени продукти ќе ги има уште неколку недели .