Мубарак засега нема да биде префрлен во затвор

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак

Јавниот обвинител во Египет изјави дека поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак не се чуствува добро, за да може да биде префрлен од болница во затвор . Мубарак кој има 83 години , имал несвестици, проблеми со циркулацијата и низок крвен притисок. Мубарак е во притвор во болница од 13 април, откако, доживеа срцев удар за време на испрашувањето во врска со убиствата на демонстрантите кои учествуваа во анти-владините протести.