Правата на Михаил Ходорковски беа нарушени

Russai -- Mikhail Khodorkovsky (R) listens to a lawyer as he stands in the defendants' box during a court session in Moscow, 24May2011

Европскиот суд за човекови права смета дека правата на рускиот нафтен бизнисмен Михаил Ходорковски се кршени по неговото апсење во 2003 година, но, судот ја отфрли неговата жалба дека процесот против него е политички мотивиран.
Судот во Стразбур во пресудата денеска и нареди на Русија да му плати на Ходорковски 24.000 евра отште и судските трошоци.
Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија, треба да остане во затвор до 2016 година.
На Ходорковски се гледаше како на потенцијален противник на Владимир Путин, кој беше претседател кога Ходорковски беше уапсен во 2003 година.