Тадиќ поради Косово нема да оди во Рим на 150 год од обединување на Италија

Претседателот на Србија Борис Тадиќ нема да учествува на 2 јуни во Рим на прославата на 150 години од обединување на Италија бидејќи домаќините за прославата ја поканиле и претседателката на Косово Атифете Јахјага.
- „Длабоко сум разочаран поради тоа што на настанот е поканета претседателската на таканречената држава Косово“, рече Тадиќ за италијански медиуми.
Во крајот на минатата недела тој не присуствуваше на самит налидери на централна и ЈИЕ во Варшава бидејќи на тој собир Косово беше претставено како независна држава.