Хашкото обвинителство разгледува спојување на судењето Младиќ-Караџиќ

Ратко Младиќ

Хашкото обвинителство ја разгледува можноста на поранешниот командант на босанските срби Ратко Младиќ да му се суди заедно со поранешниот нивни лидер Радован Караџиќ, но одлуката за тоа се уште не е донесена, изјави синоќа советникот на главниот хашки обвинител Фредрик Свинен.
Според Свинен, една од можностите е двата процеса да бидат споени само по некои точки од обвинението, вклучувајќи го злосторството во Сребреница.
Сите сакаме процес кој нема долго да трае, кој ќе биде добро воден и во кој правата на обвинетиот ќе бидат почитувани, рече Свинен.
Можноста на Младиќ и Караџиќ да им се суди заедно, пред неколку дена не ја отфрли ниту главниот обвинител Серж Брамерц