Во 2011, 5,4 милиони луѓе ќе умрат од последици на пушење

Пушењето е главна причина за морталитет во светот. Оваа година 5,4 милиони луѓе ќе умрат од глобалната епидемија на тутун и болестите кои се поврзани со овој ризик фактор, повеќе отколку што умираат од ХИВ - СИДА, маларија и туберкулоза комбинирани заедно.
Според анализата на Светската здравствена организација објавена по повод 31 мај - Светскиот ден против пушењето, доколку не се превзмат сериозни мерки, милијарда луѓе можат да умрат од употреба на тутун во текот на 21-от век.
Пушењето одзема 12-20 години од животот и е причина за 21 процент од смртните случаи.
Според последните информации просечната стапка на морталитет за Европа е 35,2 на 100.000 жители од болести поврзани со пушењето. Во Република Македонија според Светската здравствена организација, речиси 21 процент од сите смртни случаи на возраст меѓу 35 и 69 години се поради пушење.