Берлускони го изгуби родното Милано

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони во Милано

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони го изгуби Милано, град што преставуваше негово упориште. Од преброените гласови на локалните избори, во Милано победедил адвокатот Џулијано Писапиа, а не кандидатката од партијата на Берлускони. Со тоа Милано, родниот град на Берлускони, по 18 години под контрола од десницата, оди во рацете на левичарите.