Грчката влада ја разбира загриженоста на граѓаните

Од протестите во Атина

Синоќешните демонстрации на десетици илјади незадоволни луѓе во Атина и во другите градови во Грција ја покажува загрижнеоста на луѓето од кризната ситуација што земјата ја преживува, изјави денеска портпаролот на грчката влада Јоргос Паталотис. Неколку десетици илјади лица, според полицијата, се собраа синоќа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, како и во други градови, како одговор на заедничкиот европскиот повик на „незадоволните“, кои демонстрираа во серија градови во Европа по примерот на протестите во Мадрид