Повторен обид за помирување на Гадафи со бунтовниците

Претседателот на Јужноафриканската Република Џекоб Зума

Претседателот на Јужноафриканската Република Џекоб Зума пристигна денеска во главниот град на Либија Триполи, во уште еден обид за преговори меѓу Гадафи и луѓето кои се бунтуваат против него од февруари наваму. Ова е втор пат како Зума, како преставник на Африканската Унија ја посетува Либија во обид да посредува во конфликтот. Бунтовниците кои го контролираат источниот дел од Либија, велат дека нема да преговараат се додека Гадафи не се откаже од власта.