Грузија-обвинение за сопругот на лидерката на опозицијата

Лидерката на опозицијата Нино Бурјанаџе

Грузија денеска го обвини сопругот на лидерката на опозицијата Нино Бурјанаџе за организирање на паравоена група и организирање на напади врз полицајци, за време на протестите во Тбилиси, минатата недела. Обвинението се потпира на сведочења на членови на партијата на Бурјанаџе, на видео и аудуо снимки. Во четвртокот полицијата ги разби протестите против претседателот Михаил Саакашвили, откако опозицијата одби да го премести минингот на друга локација. Полицаец и поранешен офицер беа убиени за време на протестите, кога на нив налета возило кое и припаѓа на опозицијата.