Повеќе од 100 луѓе уапсени при протестите за слобода на Младиќ

Протестите за слобода на Ратко Младиќ во Белград

Српските Власти соопштија дека повеќе од 100 луѓе биле уапсени, а над 30 повредени при немирите на протестите во Белград, против апсењето на поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека 111 луѓе биле притворени од кои 37 биле малолетни, додека 10 цивили и 26 полицајци биле повредени. Илјадиници луѓе вчера протестираа пред Парламентот за слобода на Младиќ.