Претседателот на Јужна Африка во посета на Либија

Либискот лидер Моамер Гадафи и лидерот на Јужна Африка Јакоб Зума

Претседателот на Јужна Африка, Јакоб Зума денеска ќе го посети главниот град на Либија, Триполи за да преговара за прекин на огнот во земјата. Ова е втор обид на Зума, која ја претставува Африканската унија на земји да посредува за ставање крај на конфликтот. Претходните преговори пропаднаа, бидејќи либискиот лидер Моамер Гадафи не сака да се повлече од функцијата, а бунтовниците кои се борат против неговиот режим од февруари ќе разговараат само доколку тој поднесе оставка.