Употребата на хеликоптери во НАТО нападите во Либија би била ризична

Триполи за време на нападите од НАТО

Британскиот министер за одбрана Лијам Фокс изјави дека употребата на хеликоптери во нападите на НАТО вo Либија, може да биде ризичен потфат. Британија и Францијa минатата недела ги понудија своите борбени хеликоптери за акцијата нa Алијансата во Либија, бидејќи со нив попрецизно можат да се погодат целите. Фокс за Би- Би-Си изјави дека постои голем ризик за пилотите , ако се користат хеликоптери, но дека сите работи се земени во предвид. Употребата на хеликоптери не значи дека ситуацијата ескалира, тука дека тоа е дополнителен начин да се намали одбраната на Гадафи и да се заштитат цивилите, изјави британскиот министер.