Египет го ослободи иранскиот дипломат обвинет за шпионажа

Ирански дипломат шпионирал во Египет?

Египет го ослободи ирански дипломат кој беше притворен поради шпионажа , откако државниот обвинител доби потврда за дипломатски статус на притворениот, јавува новинската агенција МЕНА. Агенцијата јавува дека иранскиот дипломат, работел на начин што го прекршил дипломатскиот протокол. Приведувањето на дипломатот, доаѓа во време кога Египет и Иран се обидуваат да ги подобрат своите односи, откакао падна режимот на Хосни Мубарак. Односите меѓу двете земји беа прекинати по иранската исламската револуција во 1979 година и откако Египет склучил мир со Израел. Иако Египет и Иран немаат целосни дипломатски односи, сепак имаат разменето мисии.