Изборната кампања неважна за рејтинзите на партиите

Изборната кампања за парламентарните избори воопшто нема или малку ќе промени во рејтинзите на партиите, е став на 59,6 проценти од граѓаните, за разлика од 30,1 проценти кои очекуваат голема или целосна промена на рејтинзите. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на мислењата на граѓаните за текот на изборната кампања и односот на медиумите, од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија, и Македонскиот институт за медиуми ,како дел од „Мојот избор 2011“.Истражувањето покажало дека невработеноста, сиромаштијата, инвестициите, се убедливо главни прашања кои ги интересира 78,8 проценти од граѓаните на овие избори, а се еднакво важни и за етничките Македонци и за етничките Албанци.