Лекар оценил дека Младиќ е способен за судење

Синот на Младиќ, Дарко Младиќ пред Специјалниот суд во Белград

Судскиот лекар заклучил дека Рaтко Младиќ е способен да излезе пред суд и да го следи текот на судењето. Лекарот исто така утврдил дека состојбата на Младиќ не бара болничко лекување, изјави синот на Ратко Младиќ, Дарко. Во текот на прегледот му бил констатиран психо-органски синдром, што допринесува за губење на способноста за памтење, а тоа е во спротивност со заклучоците од прегледот, вели синот на Младиќ. Тој побара Хашкиот трибунал да испрати свој лекар кој треба да ја оцени состојбата на Ратко Младиќ.