Разводот во Малта ќе се легализира

Разводот во Малта ќе се легализира, покажуваат неофицијалните резултати од референдумот кој беше одржан вчера. Премиерот Лоренс Гонзи, кој водеше кампања против оваа иницијатива, изјави дека ќе ја почитува волјата на луѓето и ќе работи на спроведување на законодавството. Досега се преброени над 50 проценти од гласовите, а официјалните резултати се очекуваат за подоцна денеска. Само во Малта и во Филипините разводот е забранет .