14 луѓе загинале во напади на НАТО во Авганистан

Во воздушни напади на НАТО силите во јужен Авганистан, се убиени 14 луѓе, меѓу кои 12 деца, велат авганистанските власти. Провинцискиот портпарол на владата додаде дека во нападот биле повредени уште 6 луѓе. Портпаролот на НАТО, мајор Тим Џејмс, соопшти дека Алијансата го истражува случајот.