Србија ќе ги најде помагателите на Младиќ

Ратко Младиќ

Србија денеска вети дека ќе ги најде оние кои му помагале на Ратко Младиќ, 16 години да ја избегнува правдата. Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека со тоа што го криеле Младиќ тие сериозно и наштетиле на земјата, бидејќи криењето на хашки бегалец е сериозно кривично дело. Младиќ беше уапсен во четвртокот на српска територија. А следната недела треба да биде префрлен пред Трибуналот во Хаг.