Иванов се сретна со претседателката на Косово

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретнал со претседателката на Косово Атифете Јахјага, на маргините на состанокот на претседателите од Централна Европа, во Варшава. Двајцата претседатели разговарале за регионалната соработка, пред се на економски план. Иванов го поздравил дијалогот меѓу Косово и Србија, велејќи дека за сите отворени прашања треба да се разговара, на европски начин. Претседателот на земјата, попладнево пристигна во Софија, каде ќе се сретне со бугарскиот претседател Георги Праванов.