Младиќ побарал да не се протестира за неговото апсење

Ратко Младиќ

Ратко Младиќ денеска ја повика јавноста да не се предизвикуваат нереди поради неговото апсење и да не дојде до крвопролевање на улиците, пренесе неговиот адвокат Милош Шаљиќ. Адвокатот побара Младиќ да биде згрижен во болница, бидејќи не е доволно тоа што го прегледале само затворските лекари. Шаљиќ изјави дека на Младиќ му е потребна сериозна медицинска нега за да се подготви за тоа што го очекува во Хаг.