Ставрески-Македонија ја очекуваат подобри времиња на економски план

Министерот за финансии Зоран Ставрески

Македонија ја очекуваат подобри времиња на економски план. Индустриското производство е зголемено на 11,5 проценти, показателите за раст на извозот, показателите за континуирано зголемување на вработувањата во индустријата, покажуваат дека не очекуваат подобри времиња и дека македонската индустрија ќе оствари раст кој е над очекувањата, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој очекува и бруто домашниот производ да биде поголем од очекуваниот.