Хрватска:5 -мина повредени во експлозија во Осиек

Пет луѓе се повредени, од кои двајца потешко при силна експлозија која избувна рано изутрината во двор на поранешна фабрика за кибрит во хрватскиот град Осиек.
Хрватската телевизија јави дека во болница се примени две млади жени со тешки повреди. Едната е со повреди во градниот кош, а на другата ќе и биде ампутирана ногата.