НАТО бомбардира цели до резиденцијата на Гадафи

НАТО денеска напаѓа цели во Триполи каде се наоѓа резиденцијата на либискиот водач Моамер ел Гадафи. Портпаролот на мисијата на НАТО, соопштил дека три бомби ја погодиле целта рано утринава. Извештаите од Триполи велат дека била погодена касарна недaлеку од резиденцијата на Гадафи. Вчера на Самитот на земјите од Г8 Русија им се приклучи на западните земји, во повикот до либискиот лидер да се повлече и се понуди да посредува во тој процес. Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека Гадафи веќе нема право да ја води неговата земја.