Севернокорејскиот лидер ја напушти Кина

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил се врати во земјата по еднонеделната посета на Кина. Државната новинска агенција јави дека Ким изјавил оти со посетата биле потврдени врските меѓу двете земји, кои како што оцени, биле запечатени со крв. Тоа беше негова трета посета на Кина во рок од една година. Посматрачите велат дека тој со тоа се обидува да добие поддршка од Кина за предавањето на власта на неговиот трет син Ким Јонг Ун.