Кетрин Ештон во Приштина

Шефот на еропската дипломатија Кетрин Ештон во текот на денешната посета на Приштина ќе разговара со косовскиот премиер Хашим Тачи, како и со претставници на Еулекс. Приштинските медиуми оценија дека посетата на Ештoн на Србија и на Косово всушност претставува директно вклучување на ЕУ во разговорите меѓу двете страни.