Продолжува сослушувањето на Младиќ во Белград

Денеска треба да продолжи сослушувањето на уапсениот Ратко Младиќ, изјави српскиот заменик-обвинител за воени злосторства Бруно Векариќ. Тој изјави дека Младиќ е „комуникативен“. Со него се постапува согласно законите и е под постојан лекарски надзор. Адвокатот на Младиќ, Милош Шалиќ, претходно изјави дека сослушувањето е прекинато поради тешката психо-физичка состојба на неговиот клиент.