32 загинати во терористички напад во Пакистан

Архивска фотографија

Триесет и двајца луѓе се убиени, а педесетина се повредени откако бомбаш-самоубиец со автомобил-бомба удри во владини згради во северозападниот пакистански град Хангу, соопштува полицијата. Меѓу жртвите имало и офицери. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Нападите на милитантите драстично зачестија по убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, од страна на американските специјални сили во Пакистан на 2 мај.