Во бомбашки напад во Пакистан, 5 загинати

Еден од претходните напади

Најмалку 5 луѓе загинале при експлозија на бомба во близина на владина зграда во северозападен Пакистан, соопштува полицијата. Овој е последен од серијата напади откако на 2 мај американските сили го убија Осама бин Ладен. Досега никој не ја презел одговорноста за нападсот. За останатите напади одговорноста ја презедоа Талибанците , велејќи дека тоа е одмазда за убиството на Осама.