Младиќ денеска пред истражен судија

Радован Караџиќ и Ратко Младиќ

Ратко Младиќ во текот на денот ќе биде изнесен пред истражен судија, а потоа надлежните ќе одлужат за неговото префрлање во Хаг, соопшти државниот секретар во Министерството за правда на Србија, Слободан Хомен. Тој изјави дека постапката може да трае и до седум дена. Како што изјави Хомен и за Младиќ ќе се спроведе идентична процедура како што беше и во случајот со Радован Караџиќ.