Реакции за апсењето на Младиќ

Ратко Младиќ

По вест за апсењето на Ратко Младиќ стигаат и првите реаkции. Претседателката на Собранието на Србија Славица Џукиќ Дејановиќ изјави дека апсењето на Млaдиќ е доказ дека Србија ги почитува законите за соработка со Хашкиот трибунал. И претседателите на Српското движење за обнова и на Либерално демократската партија го поздравија апсењето на Младиќ. Реакција доаѓа и од Европската комисија. Апсењето на Ратко Малдиќ е историски чекор во вистински правец, изјави портпаролката на европскиот комесар за проширување Наташа Батлер.