Воздушниот сообраќај во Европа без проблеми

Ниеден лет денеска не е откажан поради вулканскиот облак од Исланд, а не се очекуваат ни откажувања на летови и во наредните 48 часа, соопшти денеска Еуроцонтрол. Според европската агенција за авионски сообраќај, од понеделникот до средата беа откажани околу 900 летови од вкупно 90.000 во тие три дена.