Анти-американски протести во Багдад

Деститици илјади следбеници на шиитскиот верски лидер Моктада Ал Садр протестираат денеска во Багдад со барање американските сили да го напуштат Ирак. Според билатералниот американско – ирачки договор, американските сили треба да се повлечат од Ирак до крајот на годинава, но постои можност дел од нив да останат како подршка на стабилноста во таа земја.